Физичка активност
Никогаш не е предоцна да се започне со редовна физичка активност .
Практикувањето на редовна физичка активност го намалува ризикот од зачестените проблеми како што се прекумерна тежина, кардиоваскуларни болести, дијабетис , остеопороза, болка во грбот и рак на дебелото црево и градите.
Покрај тоа, физичката активност има антидепресивен ефект и носи исполнување.
Лица физички активни живеат подолго. Во старосните години, тие бараат помалку нега. Стари лица кои никогаш не практикувале физичка активност, исто така можат да имаат корист од редовната физичка активност.
Кај возрасните, праксата на физичката активност во траење на половина час на ден е доволно за да се подобри здравјето, благосостојбата, квалитетот на животот и перформансите. Оние што веќе практикуваат умерена физичка активност може да добијат и дополнителна корист со отпочнување на посебна обука за нивната издржливост, нивните мускулни капацитети и флексибилност.
Адолесцентите треба да прават еден час на физичката активност на ден, а децата уште повеќе. Исто така, децата и младите треба да практикуваат неколку пати неделно активности за зајакнување на коските, срцето, стимулирање на циркулацијата, зајакнување на мускулите, одржување и подобрување на флексибилноста вештина.
Негативни ефекти поврзани со практиката на физичка активност се многу помалку важни од оние што произлегуваат од недостаток на движење.
Линкови:
- За здравјето и спортот
- Младите и спортот
- Спортски клубови во вашето подрачје
- Најдете спорт за вас
- Адреси на центри на спорт