Интеграција
Принципите и целите на швајцарската политика во областа на интеграцијата се наведени во Федералниот Закон за странци (FNA). Во случаи на државјани од не-европските земји, степенот на интеграција е земен во предвид како за одобрување на семејно собирање, така и за доделување и / или продолжување на дозволата за престој или државјанство.
Законот ја дефинира интеграцијата како реципрочен процес. Тој ја обврзува државата да ги зема в обзир швајцарските цели за интеграција во извршувањето на своите функции.
Конфедерацијата, кантоните и општините мора да создадат услови погодни за еднакви можности на учеството на мигрантното население во јавниот живот. Тие се обврзани да го поттикнуваат учењето на еден од националните јазици и да го овозможуваат професионалниот развој. Тие се обврзани да превземаат превентивни мерки во областа на здравјето.
Исто така, промоцијата на интеграција мора да ги земе предвид специфичните потреби на жените, децата и младите.
За возврат, законот бара мигрантите активно да учествуваат во нивната интеграција во швајцарското општество. Нивниот придонес се одразува преку:
- почитување на законите и вредностите на Федералниот Устав;
- учење на националниот јазик што го зборуваат во местото на престој;
- познавање на швајцарскиот начин на живот;
- подготвеност да учествуваат во економскиот живот и да стекнат нови професионални усовршувања .
Внимание
Доделување на дозвола за престој или дозвола кратко траење (Б и Л) можат да бидат поврзани со обврска да следите курс за јазик, или курс за интеграција. Истото може да се бара во рамките на семејно зближување. Оваа обврска може да биде наведена во едно одобрување за интеграција. Се поголем број на швајцарски кантони пристапуваат кон такви договори.
Степенот на интеграција, исто така, може да биде решавачки при издавањето на постојана дозвола за престој (Ц).
Надлежни центри на интеграција
На кантонално ниво и во поголемите градови, центрите надлежни за интеграција имаат функција на рецепција со информации за емигрантите и новодојдените доселеници. Тие, исто така делуваат како координативно биро меѓу општини, организации и поединци ангажирани, приватно или волонтерски во областа на интеграција.
In this section: themen/integration/tagungen, themen/integration/kantone-und-gemeinden, themen/integration/integrationsvereinbarungen, themen/integration/auslaenderrechtliche-entscheide, themen/integration/anlaufstellen-fuer-migranten, themen/integration/interkulturelle-zusammenarbeit